ВИДЕО: Груевски до Вилијам и Кејт на одбележување на 100 години од Првата светска војна


Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше во белгискиот град Лиеж, каде се одбележува 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.grujo_vojna

Централни гости на манифестацијата се војводата и војвотката од Кембриџ – принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоаким Гаук.

Главната церемонија се одржа кај Меморијалниот споменик посветен на војната, која започна со германската инвазија на земјата на 4 август 1914 година.

Според белгискиот премиер Елио Ди Рупо, одбележувањето е со цел да им се оддаде чест на жртвите во војната, а и да се потсетат на значењето на меѓународната соработка. Говорниците им оддадоа почит на над 17 милиони војници и цивили кои загинаа во Првата светска војна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1