Косовската специјална единица РОСУ упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“. Српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност. Косовска полиција јавува дека шест повредени полицајци и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово.
Тешко повредeниот Србин е веќе опериран и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија од болницата во Косовска Митровица.Искршени автомобили, амбулантни возила и пожарникари имаше на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на Митровица. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Акцијата се спроведуваше во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“.