ВИДЕО: Изгоре цела црква, само иконата од Исус Христос остана недопрена!


Цела православна црква Свети Георгиј во Ноксвил, САД изгорела но само една икона успеала да остане неуништена.

Иконата на Исус Христос е единственото нешто што не настрадало во пожарот кој за миг ја проголта целата црква.ikona

-Чудо! Се изгоре а таа остана недопрена. Ве молам да се молите за оние чиј дом беше оваа црква. Многу работи треба да се направат сега, но не постои сомнеж. Господ е со нас!, изјавил Трој Ставрос кој ја фотографирал иконата и кој често одел во оваа црква.

Инаку, иконата е од дрво, а дрвото гори на 230степени . Но температурата на која се топи стакло е 1500 степени.

-Оваа икона ја истрпела таа температура. Сеуште немаме научно објаснување. Физички тоа е невозможно!. Но, оваа икона Господ ја чувал. Навистина немам зборови, вели Николас Нелсон, студент на медицина и член на истата парохија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1