Видео: Ја нацртал панорамата на Менхетен со едната рака, додека со другата го снимал на iPod


Лондонскиот уметник Патрик Вејл, стана интернет сензација откако на Јутјуб се појави видео снимка на која се гледа како го скицирал Менхетен со врвот на Емапајр стејт билдинг.

Уметникот вели дека сакал да докаже дека може сликовито да ја претстави панорамата на Менхетен и покрај тоа што ја цртал на платно со слободната рака, додека со другата го снимал градот со својот iPhone. Вејл се качил на видиковецот на 102 спрат каде што преседел четири дена по ред. Тука седел, снимал и цртал.

И покрај тоа што на снимката се чини дека го има прецизно нацртано секое делче, Вејл вели дека не се замарал со перфекција, иако пазел на пропорциите.
„Не ми беше толку важо да го нацртам секој поединечен детаљ, само ја ослободив раката и пуштив моливот да ме води и да го забележи тоа што треба да се забележи“, објаснува уметникот и признава дека си дал себеси слобода малку да ги дотера некои поедини згради кои не му се допаднале или пак со висината на кровот му го нарушувале цртежот.
На забрзаната снимка се гледа како настанува најзгустиот дел од Њујорк, а Вејл вели дека имал за цел со линиите и со засенчувањето да ја „дофати“ енергијата и духот на Менхетен.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1