По промоцијата на новиот сингл „Најмила”, кој веќе неколку недели е во медиумскиот етер и е вистински хит, момците од „ДНК“ ја промовираа и видео-приказната која изобилува со неколку секси кадри.
Покрај Андреј и Панчо во спотот се појавува и познатата актерка Катарина Ивановска. Спотот е сниман во Брик Бар, во апартман во Скопје и на Водно, а на него се потпиша „Томато продукција“.
Погледнете ја оваа видео-приказна.