Земјоделците од село Богородица – Гевгелија, денеска ги фрлаа лубениците. Пласман нема, цена никаква, пишува Бриф.
– Со ваква „стратегија“ за производство и пласман осудени сме на пропаст. За жал тоа е реалноста, 30 тони ќе останат на нивата, никој не ги бара, нема трговци или бараат помали лубеници. Не сум само јас, вака како мене се многу други производители на бостан. Оваа година е катастрофа – револтирано вели земјоделецот кој го испрати видеото