Во селото Пушче, кое се наоѓа на 20 километри од Штип, има само шест куќи и 15 луѓе.
Еден од тие 15 луѓе е и 22 годишниот Марјан Трајчев кој се јави во Канал5 со цел да му помогнеме да го среди приватниот, односно љубовниот живот.
Инаку Марјан е навистина голем работник, има и 300 овци.
Сака на неговата идна избраничка да и купи се што ќе посака, нема ништо да и недостасува, единствен услов е да биде домаќинка.
Се надеваме дека ќе успееме да му помогнеме да ја најде својата сопатничка во животот.