Видео: Ќе може да фотографираме со трепкање на очите ?!?


Замислете визир што ќе ги следи вашите очи, ќе се фокусира каде и да погледнете, а потоа фотографира кога два пати ќе трепнете со окото .Ова е новата идеја на ИРИС, концепт на Мими Зоу.

-Си помислив,  што е заедничко помеѓу погодноста на камерата од телефонот и капацитетот на дигиталната камера, вели 24 годишната Мими Зоу, која како студент на магистерските студии на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, го пронајде овој концепт.

Оваа девојка се надева дека ќе изгради идеална верзија на фотографираната слика. Таа има развиено малку поголем прототип кој е способен за следење на окото и сликање при трепнување. Најголемиот предизвик ќе и биде поместувањето на специфичните функции од нејзиниот компјутер на самиот уред.

Што може да се очекува од финалната верзија на овој апарат?
Најпрво, како што ќе се држи камерата на ниво на окото, таа ќе ја скенира вашата рожница за да ве идентификува. Штом “препознае“ кој сте,  ќе ги превземе сите потребни подесувања:  светлина, отвор, прилагодувања за условите како што се далечина и близина. Исто така постојано ќе ги испраќа  фотографиите секогаш кога имате Wi-Fi (безжична) конекција.
Зоу вели дека нејзиниот софтвер е толку ефикасен во следење на движето на очите, што дури може и да се фокусира и во реално време да снима видео. Доколку оваа девојка обезбеди финансиски средстра за да изгради работен модел,  тешко е да се замисли дека некој нема да искористи  слична технологија во нешто како проектот на  Google наречен стакло.

Share Button

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1