На Дизниевата Ариел и направија операција за зголемувње гради


Ако некои девојки се совршени тоа се секако Барби и Дизниевите принцези, но не мислел така еден пластичен естетски хирург од Венецуела.


Малата сирена, според него била одличен кандидат за операција за зголемување на градите – како пример колку поубаво би изгледала со поголема ,, предница,, па овој хирург во својата реклама за клиниката ја искористил токму омилената детска принцеза. Рекламата е за клиниката Dempere, клиника за пластична хирургија во Венецуела

Рекламата е фотографија на Ариел со поголеми гради, а одоздола следниот текст.

,, ние правиме бајките да станат реалност,,

Или објаснувањето би било следно – што прво прави Ариел откако ќе избега од злобната Урсула?

Доаѓа до операционата маса, каде со помош на вештите раце на хирургот, таа добива исполнување на нејзините желби без да мора да го даде својот глас. Наместо опашка добива нозе и добива поголеми и поубави гради.

Иако оваа клиника се обидела да биде ,,слатка,, со оваа реклама, многумина ја оквалификуваа како многу лоша порака до младите девојчиња и наиде на остра критика.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1