“еBay“ забрани продажба на напивки за магии, молитви и чудесно лечење


Можеби до сега баравте магична напивка што ќе го натера партнерот или симпатијата да се вљуби во вас? Или пак можеби сакавте магија за да се одмаздите некому, да го истерате демонот? Сето тоа до сега се продаваше на “еBay“, но од септември стартува забрана.

На оваа купо-продажна мрежа повеќе нема да можат да се продават опиуми, напивки за проколнување, заљубување, егзорцизам, магии, молитви или пак сервиси за благословување и лечење.

“Мал број на категории кои до сега се нудеа на нашата мрежа, како на пример метафизичката субкатегорија, ќе бидат забранети. Купувачите и продавачите ни рекоа дека трансакциите за овие категории често завршуваат со проблеми“, изјавија од компанијата.

“еBay“ компанијата, кој е сопственик и на PayPal, е еден од најголемите светки веб сајтови каде секој може да продава и купува, и нејзината заработка се зголемува од година во година. Компанијата, во моментот, вреди повеќе од 58 милијарди долари.

Оние кои останаа запрепастени од одлуката на “еBay“ изјавија дека компанијата ги забранила сите средства кои се користат во алтернативните религии, но не ја забранила продажбата на Светата вода која ја користат Христијаните.

„Да се разбереме, некој човек во Рим мавта со облеката и со раката над некоја вода и и вие сметате дека таа вода има “моќ“? Како е тоа поразлично од сите други средства кои ги користат другите религии?“, прашуваат корисниците кои се противат на оваа одлука на компанијата.

Во изминатава недела, незадоволните потпишаа петиција против одлуката на “еBay“, да ја забрани оваа услуга.

Share Button

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1