ВИДЕО: Колку авиони прелетуваат над нас секој ден?


Водечката британска  компанија која се занимава со контрола на летови, НАТС, објави видеоанимација која илустрира како во текот на еден ден, изгледа воздушниот простор над Европа. Анимацијата е забрзана 1.440 пати во однос на реалното време.

avio7Собирајќи ги сите податоци за летови на територија на „нашиот“ континент, програмерите исцртале и анимирале рута на секој лет поединечно. Мотивот за оваа анимација, компанијата го пронашла во потребата да им укаже на луѓето на одговорноста и сериозноста на работата која се извршува.

-Воздушниот простор е невидлива инфраструктура, но е важна исто колку и онаа видливата -како патиштата и пругите, наведува НАТС на својот блог.

За пример, кога се прави пресек на еден просечен јулски ден, бројот на летови изнесува дури 30.000 од кои една четвртина поминува низ воздушниот простор на Велика Британија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1