ВИДЕО: “Крајслерот” на Тито скапува на село


Јосип Броз Тито поседувал колекција од 290 автомобили меѓу кои и луксузниот Chrysler New Yorker.

Крајслерот му бил подарок од американскиот претседател Џон Кенеди.

Меѓутоа, овој примерок не е сместен ниту во музеј, ниту е дел од нечија приватна колекција, туку е оставен на нива во селото Штрпци, во Прњавор.tito krajsler

Таму поклонот од Кенеди скапува на милост и немилост на временските прилики и неприлики.

Инаку, претходно крајслерот го купил Милорад Максиќ кој го довел автомобилот во Дрвар, а во текот на војната во БиХ истиот бил префрлен во Прњавор.

Тој изјавил дека автомобилот ќе го остави таму само два месеца, но истиот стои таму веќе 17 години, без документи и ниту било каков контакт со неговиот сопственик.

Поголем дел од колекцијата на возила на Тито во 1986-тата година биле сместени во Техничкиот музеј во Словенија, а дел се во приватна сопственост, додека последната понуда конкретно за овој автомобил изнесувала 100.000 евра.

Селаните велат дека Американците за овој автомобил на Кенеди би дале и многу поголема понуда, бидејќи за нив сè што се доведува во врска со Џон Кенеди е свето и нема цена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1