Крим е под вооружена инвазија од страна на Русија. Околу 2.000 руски војници се транспортирани по воздух во главниот град на украинската автономна република Симферопол, изјави висок претставник на новите украински власти.
Претставникот на привремениот вршител на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов во Крим Серхиј Куницин изјави дека воздушниот простор над Крим е затворен поради големиот број слетувања на руски авиони и хеликоптери. Според него Русија досега по воздух транспортирала во Крим околу две илјади војници.
Турчинов ја обвини Русија за отворена агресија против Украина. Во телевизиско интервју тој го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече руските војници од Крим.