Германските и француските медиуми тврдат дека дошле до видео записот кој е направен непосредно пред падот на авионот во кој загинаа 150 луѓе.
Францускиот магазин Парис меч и германскиот дневник Билд тврдат дека го поседуваат видео записот кој бил направен со мобилен телефон на кој се забележани и последните моменти од германскиот авион на компанијата Џерман вингс кој се претпоставува дека пилотот Андреас Лубик намерно го сруши во француските Алпи.
Извештајот за видео записот, кој засега сè уште не е официјално објавен, наведуваат дека премногу се совпаѓа со податоците кои се собрани од една од црните кутии.