ВИДЕО: Лахрауи е мајсторот на Исламска држава за експлозиви


Лахрауи ги направил бомбите за нападот на Париз на 13 ноември, а исто така постои основнао сомнение дека тој ги смислил и специјалните бомби со шајки кои убија 31 лице во брисел и ранија околу 250 луѓе.Lahraui

Полицијата објави снимки од аеродромот кои го прикажуваат Лахрауи со очила и брадичка во светла јакна и со црна шапка како турка количка на која е сместена голема црна торба. Детонаторите биле сокриени во ракавиците на терористите.

Лахрауи е роден на 18 мај 1985 година во белгија и на полицијата и бил познат како фанатик на исламска држава, а живеел под лажно име. Пред три години бил во Сирија, но успеал да се врати во Европа со нов идентитет, па така ги измамил службите за безбедност. Студирал машинство на Институтот во Шаербек, но по дипломирањето се упатил во Сирија. Медиумите пренесуваат дека бил добар пријател со Салах Абдеслам, еден од главните напаѓаќи на Париз.

Полицијата одамна трагала по Лахрауи, чија ДНК е пронајдена во куќите кои се користеле од страна на лицата кои ги извеле нападите на Париз, соопшти обвинителството. Во септември минатата година Лахрауи патувал во Унгарија заедно со Салах Абеслам, која е главен осомничен за нападите во Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1