Симфониското дело кое беше специјално напишано за најголемиот огномет досега направен во историјата, кој го сруши и Гинисовиот рекорд, е всушност снимено од страна на македонски симфониски оркестар.
„Фејмс“ е македонскиот симфониски оркестар задолжен за снимање на филмска музика кој непосредно пред новогодишните празници ја сними и музиката за новогодишната свеченост во Дубаи, компонирана од страна на Мет Феди.
По тој повод, снимен е и кус филм кој ја раскажува приказната за создавањето на огнометот, а во кој, на самиот почеток, се прикажани и нашите музичари во текот на снимањето на музиката. За оркестарскиот аранжман на музиката на Феди, пак, беше задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан.