Видео „Монструм“: Пукале со 30 куршуми во децата и избегале – претресот одложен за 9 јануари


Главниот претрес за случајот „Монструм“ е одложен за почетокот на јануари, откако судот го прифати барањето на адвокатите на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро да извршат увид во списите на предметот.

monstrum За обвинителката Гордана Гешковска барањето на адвокатите за увид во списите на предметот е одолговлекување на постапката со оглед на тоа што, како што истакна, тие досега имале можност да направат увид во доказниот материјал, но од нивна страна немало никаква иницијатива.

Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи изјави дека не е точно дека одбраната не дала никава иницијатива обвинетите да ги разгледаат списите на предметот и рече дека за време на истражната постапка му било огранично правото за увид во доказите, дека истражната постапка се водела без него.

Во судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро, познат како случај „Монструм“, се обвинети шест лица за тероризам.Сепак, судијата Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес, го прифати предлогот на адвокатите на обвинетите и судењето го одложи за на 9 јануари догодина.

Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се во бегство, а на обвинителната клупа седат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвинението, убиствата ги извршиле Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Ообвинителка во случајот е Гордана Гешковска.

Убиството, според обвинението имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните.

monstrum2

Како што пишува во обвинението, обвинетите браќа Исмаиловиќ и Демири испукале 13 куршуми кон жртвите. Демири испукал 8 куршуми со пиштол, додека Агим и Африм Исмаиловиќ пукале со автоматски пушки и истрелале вкупно 13 куршуми. Жртвите имале прострелни рани во градите, стомакот и рацете.

Откако ги убиле момчињата, браќата Исмаиловиќ испукале 5 куршуми и кон рибарот Борче кој се наоѓал на 50 метри оддалеченост од момчињата. Тој почнал да бега кон своето возило, но сепак, не успеал да побегне од куршумите. По убиствата, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се качиле во црвен опел, односно во возилото кое полицијата го пронајде во текот на истрагата. Агим Исмаиловиќ избегал со друго возило, но не возел тој, туку друго лице, а имало и уште еден сопатник.

Според обвинението, Фејзи Азири и Сејди Рами претходно го разгледувале теренот и го направиле планот за ликвидација на лица од македонска националност. Обвинетиот Хаки Азири, пак, е обвинет за помагање во тероризам, односно како лице кое им помагал на обвинетите со тоа што ги превезувал до, и од местото на масакрот.

Смилковското езеро било под концесија на еден од обвинетите, Фејзи Азири, чичко на Хаки Азири, кому по убиството му е одземена концесијата.

Според исказот на Азири, кој сам се откажа од статусот заштитен сведок, на 12-ти април годинава, Велики четврток, на обиколницата кај Качанички пат ги пречекал Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои дошле со автомобил „опел омега“. Му кажале дека убиле човек и му рекле да вози до неговиот дом.

Обвинителството се повикува на материјални докази, транскрипти од телефонски разговори, како и сведочење на заштитен сведок. Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи тврди дека Обвинителството нема доволно докази.

На 12-ти април годинава без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

По апсењето на обвинетите, во мај беа организирани низа протести во Скопје на кои беше побарано ослободување на обвинетите.

Mia / Фото – Вечер / Видео – a1on

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1