Временска прогноза за крајот на светот – врнежи од лава и ветер од кај маите


Утре (КРАЈ НА СВЕТ) времето ќе биде облачно и магливо со обилни врнежи од жешка лава. 🙂 

3 end-of-earth

Лавата ќе започне да паѓа со зголемен интезитет најпрво на запад а потоа ќе се шири насекаде. Попладне и кон крајот на денот врнежите од лава постепено ќе поминуваат во врнежи од пепел. Се очекува да наврне од 3 до 5 метри пепел. Исклучок се југоисточните предели каде врнежите кон крајот на денот ќе бидат мешавина од лава и пепел. Ќе дува источен ветер (од кај Маите) со брзина од 500-800 км/ч. Температурата ќе се движи од 530 до 545 степени. Во јужните делови до 570 степени.

НАПОМЕНА !!!
Секако дека се работи за шега. Вистинска прогноза за утре – во коментар подолу.

Оваа шеговита временска прогноза беше поставена на профилот на временска прогноза за Македонија 🙂 🙂

Еве какво време навистина не очекува 🙂

Утре (21.12.2012) времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1