Лицата кои ја завземале полициската станица во Гошинце, Липковско носеле ознаки УЧК, а во станицата влегле околу 2 часот утринава, при што разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна, дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористички напад.
Според него, четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнале караулата во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале. На тројца од нив им ги врзале рацете со лисици, почнале да ги удираат, а сетоа тоа го снимале на камера.
Тој изјави дека тие носеле ознаки на УЧК, дека дошле од Косово и наводно го одзеле оружјето и мобилните телефони од станицата.
Според Котевски, вооружените лица на полицајците им рекле дека Груевски и Ахмети нема да ги спасат и оти сакаат своја држава.