Видео: Најдените фетуси од бебиња во Русија биле клонирани – нелегално


 

 

Полицијата се сомнева дека 248 те ембриони кои беа пронајдени во шума во Русија се резултат на нелегални генетски истражувања.

Имено полицијата веќе испрашува жена научник од универзитет во близина на местото каде се најдени фетусите. Таа била отпуштена минатата година а работела на генетски истражувања, полицијата се сомнева дека кога ја отпуштиле ги зела фетусите на кои работела. Според некои научници пак кои ги прегледале фетусите можно е да се работи и за нелегално клонирање.

руската полиција, пронајде 248 ембриони, завиткани како мумии. Некои од нив веќе биле оформени и се наоѓале помеѓу 12-тата и 16-тата недела од развитокот.

Ги пронашол рибар, биле во 4 фрлени буриња со формалин, од кои биле испаднати кутиите со ембрионите. На нивните екстремитети имало врзано малечки болнички плочки на кои биле испишани презимињата, во која недела биле при абортусот,  на која дата бил извршен и во која болница.

Најблиското место до пронајдените ембриони е Невјанск, но местото е премногу мало да би имало толку бебиња во краток период. Дел од запишаните болници се наоѓаат во Екатеринбург, најголемиот град во областта, па се претпоставува дека и најголемиот дел од ембрионите се токму од таму.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1