Видеo: Најмил девојка да го ,,шамара,, ако оди на фејсбук – за да работи повеќе


За да ја зголеми својата продуктивност на работа, Манеш Сетхи, изнајмил за осум долари на час, девојка која ќе му “врзе по еден шамар“ секогаш кога ќе се логира на Фејсбук.

Не било за џабе – неговата продуктивност на работа се зголемила дури за четири пати.

Во својот експериметн, Сетхи ја користел апликацијата RescueTime, која мери колку време поминува на поедини интернет страни, а резулатите покажале дека тој на Facebook и Reddit поминувал околу 29 часа во текот на неделата, пренесува Business Insider.

Неговата просечна продуктивност, по доаѓањето на девојката – “опаметувач”, веднаш пораснала за 98 отсто. Сепак тој признал дека не е до шамарите туку му значело што некој бил покрај него и го мотивирал да работи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1