Уште има комарци и вирус Западен нил – заболено 2 год дете


Кај двегодишно дете лабораториски е потврдено дека е инфицирано од вирусот Западен Нил, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Досега во Македонија се евидентирани 7 заболени од вирусот Западен Нил – тројца починати. Две починати лица биле на возраст од 53 и 83 години и имале други хронични заболувања, а третото е 2,5 годишно дете.

4 пациенти поради вирусот развиле енцефалитис или менингитис – што е едно од потешките заболувања предизвикани од овој вирус.

4 од заболените се од Скопје, и по еден од Крушево, Битола и Куманово.

Само едно лице од заболените патувало за грција, додека другите не престојувале надвор од Македонија во критичниот период на заразување.

И покрај променливите температури и неколку прскања за комарци во главниот град – комарци се уште има.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1