ВИДЕО: Најслатка насмевка на светот – 2 годишно девојче поминало 22 часа во шума


Двегодишното девојче Бруклин од Мичиген исчезнало во вторникот, а е пронајдено 22 часа подоцна завиткана во ќебе во шумата. Таа си играла надвор и сама залутала и се изгубила. Родителите се плашеле од најлошото.

-Мислевме дека дошол некој и ја грабнал – вели Патрик МекДоналд.devojcica-micigen-suma-osmeh-foto-printscreen-1415883048-589653

Во потрагата се вклучила и полицијата, војската со хеликоптери и сите пријатели и роднини. Полицаецот Денис МекГакин и неговиот пес трагач ја пронајдоа во блиската шума. Била завиткана во ќебе и не се мрдала.

Денис и се доближил и таа го извадила главчето по што следел најслаткиот момент – нејзината насмевка кога сфатила дека ја спасиле.

Полицаецот ја замолил дали може да ја слика, а таа го погледнала, се насмевнала и му се заблагодарила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1