ВИДЕО: НАСА го објасни мистериозното светло при земјотреси


Долго се зборува за мистериозните светла што се јавуваат при некои земјотреси. Досега светлото се поврзуваше со теориите за НЛО и ли масовна хистерија, иако доверливи сведочења за овој феномен има уште од 1888 година.

Последните неколку години снимени се со видео камери неколку вакви појави.

Научници даваа најразлични толкувања, но неодамна, истражувањето на Универзитетот Рутгерс покажало дека кога два слоја од истиот материјал се тријат еден од друг, настанува волтажа.earthquake-lights-thought-to-be-ufos-have-earthly-explanations-e1388879087234

Најверодостојно објаснување досега има дадено НАСА.

Според нивните истражувања, некои видови на карпи се повеќе склони од други кон создавање на напон, а за појавата на светлина се одговорни вертикални базалтни карпи, кои достигнуваат длабоко во Земјината кора и дејствуваат како проводници.

За настанувањето на оваа светлина се потребни вистински услови кои се јавуваат кај помалку од половина земјотреси, што објаснува зошто оваа светлина не е честа појава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1