(ВИДЕО) Научници предупредуваат: Цунами ќе го потопи целиот Медитеран


Сеизмолозите врз основа на докази пронајдени во уништеното пристаниште на Крит, открија дека Медитеранското крајбрежје, периодично го зафаќаат мега земјотреси и цунами, а сепак ниту една држава на ова крајбрежје не е подготвена за вакви катастрофи.

Со оглед на тоа што природата знае да биде страшна и периодично потсетува на нејзината голема разорна сила, научниците се обидуваат да заклучат кои места на планетава се загрозени, со цел да се спречат катастрофи и да се спасат голем број животи.

Учесниците во емисијата „Идното мегацунами“ на „Национал георграфик“ заклучија дека две цунами ги изненадија научниците и дека е потребно да се набљудуваат случувањата од далечното минато.

cunamiZgradi-685x320

Површината на Земјата се состои од тектонски плочи, кои се поместуваат и преклопуваат. Кога плочите се движат една преку друга без пречки, тогаш нема опсаност, но сепак на некои места на преклопување во зоните на субдукција доаѓа до напор кој со времето се зголемува.

На тие места се создаваат зони во кои доаѓа до зголемување на еластична енергија. Кога напонот ќе ја урне пречката, насобранта еластична енергија предизвикува мегаземјотрес, кој создава џиновски смртоносни бранови, цунами кои уништуваат се пред себе.

Според научниците зоните на субдукција се наоѓаат насекаде по површината на Земјата.

Постои доказ дека едно историско пристаниште на северниот брег на Крит во минатото во потполност го уништило цунами. Наносите на земјиште докажуваат дека Медитеранското крајбрежје периодично го зафаќаат мегаземјотреси и цунами.

– Едно е сигурно дека мегаземјотресот ќе се повтори, но не знаеме кога- вели една научничка од Грција која се занимава со проучување на цунами и се обидува да предвиди кога тие ќе се случат.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1