Ѕвездите кои што паѓаат оваа година ќе бидат најактивни меѓу сабота и недела, во периодот околу два часот по полноќ.
Месечината пак нема да претставува никаква пречка за надгледување на метеорскиот дожд.
Секоја година во периодот, при крајот на јули и почеток на август, се случува оваа несекојдневна појава на небото. Перзеиди или попознати како „ѕвезди кои што паѓаат“, оваа година ќе бидат најактивни на 11,12 и 13 август. Персеиди се во суштина делови од кометата Swift-Tuttle и повеќето никогаш нема да паднат на земјата, а ако тоа се случи, тогаш ги нарекуваме метеори.
Овие метеори се обично со големина на зрно песок, грашок или кликер. Кога ќе навлезат во атмосферата, го потиснуваат воздухот пред себе и се загреваат до температура од преку 1600 степени Целзиуси.
Оваа температура обично ги разнесува кометите, на начин на кој што ни овозможува да ја следиме нејзината светлосна трага на ноќното небо.