Оваа пракса постои веќе 20-тина години, а во „нарачување на невести“ најчесто се впуштаат средовечни и осамени мажи. Жените се најчесто од Русија, Филипини, Колумбија…
Интернетската ера донесе разни можности за луѓето, а една од нив е таканареченото „нарачување на невести“. Станува збор за девојки кои поставуваат свои фотографии и профили на специјализирани портали за запознавање, во кои изразуваат желба да се запознаат, а потоа и да се омажат за странец.
Најчесто станува збор за девојки кои доаѓаат од сиромашни земји или семејства, а од другата страна се осамени средовечни мажи, кои во главно се добро финансиски „потковани“.
Изборот е навистина неверојатен, на интернет постојат илјадници веб страни од тој тип, а како најдобри се оценуваат „Anastasia Date“, „Asian Date“, „A Foreign Affair“, „International Cupid“ и многу други…
Ова се земјите од кои невестите доаѓаат:
– Русија
– Филипини
– Колумбија
– Доминиканска Република
– Украина
– Тајланд
– Индија
– Кина
– Бразил
– Виетнам