Прво ги укинаа, а сега ги вратија најгледаните канали на кабелските оператори


Од вечерва големите кабелски оператори во Македонија ќе ги вратат во етар претходно укинатите каналите Fox, 24 kitchen, Sport klub 1, Sport klub 2, Sport klub 3. Постигнат е договор меѓу Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуг и раководството на Fox за реемитување на каналите кои се даваат за англиското говорно подрачје.kabelska

Во извештајот на АВМУ се вели дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршеле реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, туку со дозволи од други држави.

Притоа се констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од 35 оператори и со решението од 27 јануари безмалку сите оператори се опоменаа и се бараше да се исклучат програмите сè до завршување на процесот, односно до обновување на дозволата за реемитување во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1