Попладне се очекува невреме – еве кога ќе „удри“ Давид, ова се препораките од надлежните


Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата за најавите за обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. Според информациите од УХМР, новиот бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2.  Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.

dozd2

-Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.  Според информациите за хидролошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

На Координативнотот тело исто така се разгледуваа и превентивните мерки што треба да ги превевземат сите надлежни институции.

Координативното тело уште еднаш препорачува:

– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,

– градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,

– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,

– градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

– ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,

– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,

– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција

– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

– екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби

– апел до месното население да се вклучи во превентивните акции.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1