Силниот ветер кој пред повеќе од три часа почна да дува во Охрид, го вознемири езерото. Искршени се дел од декоративните новогодишни реквизити на улицата ”Македонски просветители” , а оштетени се и неколку билборди.
Граѓаните ги гледаа и уличните столбови на Бул. Туристичка кај пазарот кои заедно со сеуште не отстранетите новогодишни реквизите се нишаа на силниот ветар.
Високите и силни бранови го поплавија делот од улицата “Коста Абраш” пред Охридската капетанија и Кејот по целата негова должина.
ВИДЕО: Охрид1