Интензивни престрелки и детонации можеа да се чујат утрово во Куманово, каде повторно дојде до судир меѓу полицијата и вооружената група
По релативно мирната ноќ, утринава во Куманово дојде до силна престрелка меѓу специјалните полициски единици и терористи
Во Куманово е мирно во последните два часа и не се случаат истрели. Но по претпладневната 20-минутна престрелка, која се одвивала околу две кумановски училишта, веднаш се упатиле амбулантни возила.
Утрово еден полицаец со прострелни рани е однесен во болница
Според извештајот на нашиот репортер од Куманово од реонот каде има престрелки луѓето масовно се евакуираат и бегаат. Посебно поради фактот што во тој дел нема струја.
Медиуми јавуваат дека бил извлечен еден блиндиран џип, на кој биле видливи траги од шрапнели.