ВИДЕО: Обесен добиток, дворови во крв – направиле милиони од шверц со говеда


Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници паднаа во вчерашната голема полициска акција во западна Македонија. Лицата се приведени поради сомнение за нелегално криумчарење добиток од Македонија за Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра.
akcija govedaВо вчерашната акција биле звршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција.
Министерството за внатрешни работи до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција против вкупно 32 лица, од кои 17 македонски и 14 албански државјани, ќе биде поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“, „криумчарење“, „фалсификување на знаци од вредност“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „давање поткуп“, „примање поткуп“ и „помагање“.
Кривичните пријави се за членови на организирана меѓународна криминална група, кои беа приведени во вчерашната полициска акција  „Милка“, а во врска со криумчарење добиток.

Утврдено е дека оваа криминална група од 2011 до 2013 година прокриумчариле околу 2037 грла жив добиток со просечна тежина од 300 килограми којшто на сточните пазари во Македонија го набавувале во просек по 2 евра за 1 кг., а во Албанија го продавале по сума од 5 до 6 евра, при што за 1 кг. во просек остварувале 3,5 евра противправна имотна корист, односно за целиот период се стекнале со противправна имотна корист од најмалку 2.138.850 евра.

меѓународната криминална група, составена од 18 македонски и 14 албански државјани во континуитет во периодот од 2011 до 2013 година била инволвирана во криминални актвности поврзани со организирање на криумчарење и транспорт на жив добиток од Македонија во Албанија, со цел стекнување на нелегален профит.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на уште вкупно 16 лица, од кои тројца македонски и 13 албански државјани, додека пак еден од пријавените веќе се наоѓа во притвор за сторено кривично дело „неовластено производсто и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– Организатори се 14-те албански и еден 30 годишен македонски државјанин од струшкото село Велешта. Како членови на групата со посебни задолженија поврзани со незаконитите постапувања се јавуваат останатите македонски државјани на возраст од 25 до 62 години, родум од Велешта, Дебар и неколку дебарски села. Меѓу осомничените се и ветеринар од Кичево и 5 полициски службеници од граничните премини „Блато“ и „Џепчиште“, појасни Јанкулоска.

Според досегашните сознанија, криминалната група делувала од 2011 година, се занимавала со купување, транспорт, складирање и криумчарење преку зелената гранична линија – терање добиток (телиња и јунци) избегнувајќи ја полициската и царинската контрола од територијата на Македонија во Албанија во близина на дебарското село Спас, кое се наоѓа на 500 метри од граничниот премин Блато. Добитокот главно го купувале од сточните пазари во гостиварското село Боговиње, во прилепското село Кривогаштани и во Кичево. До подрачјето на општина Дебар во село Спас ги транспортирале со товарни моторни возила, им ги отстранувале идентификационите ушни значки за да неможе да се утврди потеклото, а потоа пеш преку зелената гранична линија илегално ги пренесувале во Албанија каде ги препродавале за повисока цена.

Во село Спас добитокот го сместувале во штали, сопственост на членови на групата, по што полициските службеници-старешини и вработени во полициските станици за гранична контрола „Блато“ и „Џепчиште“ по примен поткуп, злоупотребувајќи ја својата службена положба со организаторите на групата ја договарале маршрутата и временскиот период кога да го пренесат илегално добитокот во Албанија.


Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на вкупно 18 локации и тоа 13 во Дебар, 4 во Струга и една во Кичево, домови и други простории  на членовите на организираната група, при што лишени се од слобода вкупно 15 лица, од кои 14 македонски државјани и еден албански државјанин.

При извршените претреси во домовите на членовите на групата, пронајдени и одземени се: 4 пиштоли, 125 парчиња муниција, две грла добиток, разни видови документи за потеклото, сопственоста и здравствената состојба на добиток (124 пасоши за добиток, 83 здравствени сертификати и 308 ушни маркици), една клешта за ушни маркици, пет товарни и две патнички возила, 323.085 евра, 90.930 долари, 1.390 франци и 740.000 денари, како и телефонски апарати и сим картички од различни оператори.

Групата успеала да прошверцува околу 2000 грла добиток, го купувале по легален пат, најмногу на сточните пазари низ земјава. Откако ќе ги набавеле говедата, кои ги плаќале во кеш, почнувала подготовката за илегален транспорт во Албанија, каде што веќе ги чекале купувачи, а тоа било така организирано се со цел да се избегнат давачките кон државата.

Во целиот шверц, според полицискиот извор, полициските службеници за одреден паричен надоместок, на шверцерите им кажувале каде се наоѓаат полициските патроли во времето кога требало да се изврши транспортот на добитокот за да ги избегнат и со што им овозможувале непречен илегален транспорт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1