Во ателје 212 се одржа комеморација за Маринко Маџгаљ. Голем број познати личности дојдоа за последен пат да се простат од актерот кој на 26 март ја изгуби борбата со тешката болест.
Комеморацијата започна со едноминутно молчење, а потоа на сцената бројните пријатели на Маринко се простија од него.
Водителот Огњен Амиџиќ еден од најдобрите пријатели на актерот, со емотивен говор се прости од својот пријател Маринко Маџгаљ.
Говорот на Огњен низ солзи: Ако веќе починал како што велат, за мене тоа не е вистина!