Даниек Хендарто, портпаролот на зоолошката градина „Тару Јуруг“ изјавил за новинарите дека Тори и нејзиниот партнер Дидик ќе бидат преместени на мало, изолирано островче надвор од зоолошката градина.
Петнаесетгодишната Тори, консумира цигари цела деценија. Посетителите се воодушевени од ваквата појава и непрекинато доаѓаат во зоолошката за да ја фотографираат нејзината човечка навика и мимика во моментот кога ја држи цигарата меѓу прсти и „дамско“ тресење на пепелот.
Хендарто рекол дека лекарските наоди покажале дека Тори сепак не го нарушила сериозно своето здравје, но и дека здравјето и на останатите четири орангутани е во најдобра кондиција.
Вработените планираат уште еден пар орангутани да преместат на островот, со цел да им прават друштво на Тори и Дидик.