Руски шпиони тренирале деца


Руски шпиони, чие делување е откриено пред две години во Соединетите Американски Држави, ги регрутирале и тренирале сопствените деца за шпионирање, откриваат американските тајни служби.

Откако пред две години американските тајни служби ги разоткрија шпионите кои делувале на територијата на САД, во јавноста почнаа да изнесуваат нови детали за нивната агенда.

Медиумите пишуваат дека руските шпиони биле подготвени буквално на се, па дури и да ги регрутираат сопствените деца.

Според информациите на неофицијални извори, кои главно биле активни и пензионирани американски агенти, пред две години биле уапсени 10 руски шпиони во САД кои имале по седум деца, од една до 20 години.

Еден од нив бил и Том Фоли, чии родители биле уапсени, а тој со лажен идентитет студирал на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Медиумите исто така пишуваат дека децата на руските шпиони се родени на територијата на САД и поради тоа тие нема да бидат изложени на посебни проверки на владините служби, со што се претвораат во совршен „материјал“ за регрутирање.

 Иако на почетокот се верувало дека децата шпиони не биле запознати со активностите на своите родители, извори на американските слузби говорат нешто друго.

 Тие тврдат дека Фоли бил запознат со целата ситуација и дека покажувал голем интерес кон активностите на своите родители.

Адвокатот на семејството Фоли ги демантираше ваквите тврдења на медиумите и ги обвини дека во јавноста пренесуваат „обично ѓубре“.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1