Видео – оргиналната сторија за храбрата Марина


Ова е видeо од оргиналната сторија за животот на Марина, објавено на ТВ Телма.

Во продолжение го објавуваме повторно и текстот објавен на нашиот портал. Животот на Марина ја разбуди хуманоста кај македонските граѓани. Денеска вест дека Македонски Железници донираше бесплатен годишен билет за Марина.

Видеото е превземено од youtube.

20 годишната Марина Подигачоска живее сама во прилепското село Долгаец. Пред неколку години ги загубила родителите и останалa само со дедо и. Преживува со 5900 денари пари од државата – со нив се храни себе и дедо и, студира, плаќа сметки….

Марина е цврста девојка – одлучна да не потклекне. И покрај мачниот живот таа е успешен студент на Биотехничкиот факултет во Битола.  Не се жали толку на сиромаштијата, вели се снаоѓа за да преживее, но и недостига родителски совет во одредени моменти.

Приказната за Марина ја објави телевизијата Телма, веднаш ја пренесе и порталот факултети.мк, ја превземаме и ние со надеж дека сеуште има добри луѓе во нашата држава кои ќе издвојат малку од себе за на оваа храбра девојка да и го олесниме животот.

Марина летото го минува во трошната куќа во селото, има мала соба, каде наместо под и тепих, гази на земја, спие на железен кревет, во зима се покрива со бодликава покривка ткаена од козјо влакно.

За да ги плати студиите штеди – штеди девојчето од вкупно 6000 денари – и сепак успева да си собере доволно пари за студирање.

Патува на факултет со воз, а до пругата оди пешки до соседното село Слепче

Некогаш пешачи час и половина до дома.

Марина е пример за одлучна девојка која сама оди низ животот – и покрај сите тешкотии испитите ги полага редовно, има просек 8, се надева дека ќе го оствари сонот, да има сигурна работа, мирен живот и семејство кое ќе го храни со бескрајна љубов.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1