ВИДЕО: Откриена нова врста на човековиот род


Коските за прв пати биле откриени во 2013 година 50 километри јужно од Јоханесбург.

По истражувањето било воспоставено дека станува збор за 15 тела на до сега непознат вид од човековиот род, а научниците тврдат дека ова откритие е од огромно значење за еволуционите истражувања.homo-naledi2

Во длабочините на пештерите покрај Јоханесбург, скриени во длабочините биле пронајдени 1.500 фосили, а научниците не се сигурни како,„homo naledi“ (како што го нарекле научниците) стигнале до таму како и колку се стари.

Истражувањата треба да дадат подетални одговори на овие прашања.

-Локацијата каде што се пронајдени може да укажува и на тоа дека можеби таму стигнале откако биле пренесени од страна на други луѓе, а и укажуваат на комплексното однесување на „примитивните“ луѓе, објаснува Крис Стрингер од Природнонаучниот музеј во Лондон.homo-naledi1

Научниците кои се занимаваат со нивното истражување, објаснуваат дека рацете, зглобовите и стапалата се слични на оние на денешниот човек, но големинатаа на мозокот и големината на телото се слични со пораните фази од еволуцијата на човекот.

-Нереди имал мал мозок, отприлика големина на портокал, сместен на врвот на витко тело, додобјаснува Џон Хоук од Универзитетот Викинсон-Медисон.homo-naledi

„Homo Naledi“ бил висок околу метар и половина, а тежок околу 45 килограми. Првата експедиција во пештерата се случила во 2013 година и траела 21 ден. Во неа учествувале 60 експерти спеолози и научници кои работеле во опасни подземни услови.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1