Видео: Ова е човекот кој што слета облечен како кралицата на отворањето на ОИ


Гери Конери човекот кој што во јавноста е познат по скокот од хеликоптер во „брдмен“ одело и кој што слета без падобран, ја одглуми вчера британската кралица Елизабет втора, за време на отворањето на олимписките игри во Лондон.
„Скокот кој што го изведов вчера е нешто што ќе остане врв во мојата кариера. Ќе биде врежан во моето сеќавање се додека не станам сенилен“, изјави Конери.

Овој каскадер беше пресреќен на вчерашното отворање на игрите во Лондон.

„Ми се допадна фустанот. Ќе видиме дали ќе ми дозволат да го задржам“, напишал Конери на својот профил на Твитер.

Конери во кариерата има изведено повеќе од 880 скокови со падобран, 450 изведби со басе џамп скокови, но според неговите зборови, синоќешната изведба е нешто кое што никогаш нема да го заборави.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1