Осомничениот Н.Е. од Скопје, кој го признал вчерашното убиство на 18-годишниот Ангел Петковски при распитот во полициската станица, попладнево беше изведен пред суд.
Јавното обвинителство побара мерка притвор за убиецот на 18-годишниот матурант.
„По извршениот увид од надлежниот јавен обвинител и по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Скопје против едно лице донесе наредба за спроведување истрага за кривично дело „убиство“ од член 123 од Кривичниот закон на Република Македонија“, велат од Јавното обвинителство.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска изјави дека осомничениот Н.Е ѝ е познат на полицијата за извршени имотни деликти.