Две лица погинаа при пад на спортски авион кај Обреновац во Србија.
Погинале пилотот Мирослав Веселиновиќ (1952) од селото Уровци и Ѓорѓе Вујиќ(1983) од Сурчин, јавува РТС.
Авионот се срушил меѓу местата Ратари и Врагуљица, на седум километари од Обреновац и на само неколку стотина метари од првите куќи.
Авионот марка “супер дукано” паднал во крошните на дрвата, вчера околу 20 часот, а причина за падот е најверојатно кршење на едното од крилата додека се обидувал да го приземји авионот. Авионот е приватна сопственост, а пилотот бил пилот аматер.