И мене ми недостига убавото сино небо од мојата младост и се срамам поради тоа што сум заслужен што го нема веќе. Конечно, еден воен пилот направи чекор напред за човештвото и ја разголи вистината за хемиското запрашување на планетата во кое и самиот учествувал, пишува cosmicconvergence.org
Станува збор за незаконски и особено деструктивни проекти кои се викаат „Глобална програма Кемтрејлс“. Во видеото е презентирана вистинита приказна за храбриот пилот кој е скршен поради тоа што заедно со своите соборци врши хемиско запрашување. На тој начин, со овие информации тој го ризикува својот живот и животот на своето семејство. Додека ја слушате неговата приказна или додека го читате овој текст, не заборавајте дека хемиското запрашување се врши 24 часа на ден 7 дена во неделата. Ова е само дел од неговото сведоштво – сведоштво на човекот кој нѐ запрашува.
„Пред сѐ би сакал да кажам дека не се согласувам со она што го работам, односно со задачите кои морам да ги извршувам. Но, што може да стори еден обичен војник? Неколкумина сметаме дека она што го работиме не е исправно и е спротивно од добро, а од време на време сме навистина избезумени. Морам да ви кажам дека нѐ држат во темница и не ни даваат искрен одговор за прскањето на земјата. Доколку се открие дека јас или некој од моето семејство се распрашува за кемтрејлери, следуваат автоматски и брзи дисциплински мерки.
ХААРП и Кемрејлс се два поими за кои ни е забрането да се распрашуваме. Сѐ се следи што се распрашуваме, што истражуваме и што гледаме. Нашите деца не учат нешто на училиште (внатре) во базата, а школувањето на децата во јавниот систем или преку приватно туторство дома, ни е забрането.Често се поставува прашањето зошто пилотите би ги труеле своите деца. Јас лично се справувам со тоа на овој начин, но морате да знаете дека преку 80 отсто од војниците кои работат на овие проекти немаат семејство и немаат деца.
Тие се внимателно избрани од самиот врв, од военото воздухопловство, морнарицата или од крајбрежната стража по долгогодишна индоктринација и обука. Повеќето пилоти се „вакцинирани“ против човечност и единствено за што се грижат во животот е убивањето и за несаканите аспекти на Америка и светот. Се колнам, повеќето од нив се како машини. Јас го викам Танкер терминатори. Не би смеел да зборувам за ова. Но, речиси една третина од тие кемтрејлер летови се оркестрирани од мали безимени острови. На тие острови никнуваат нови воени бази, а секоја година се градат по осум такви.
На тие исклучително оддалечени острови сместени се ХААРП антените (технологија со помош на која се овозможува да се предизвикаат сите временски погоди и непогоди на кој било дел на планетата) како и сета друга инаква технологија. Морнарицата дури има развиено и софистицирана технологија за изградба на цели бази под вода, во морето.
Тоа овозможи да се изградат многу автономни подморници-роботи кои патуваат на големи далечини. Долу има цели градови. Секогаш кога ќе чуете и ќе видите дека станува збор за масовни воени вежби на море, тоа е тоа. Никогаш нема даги видите тие бази на, да речеме, Gооglе Еаrth. Освен што понекогаш ќе налетате на заматени делови на местата каде што се воените бази. Дури знаат и да ги сликаат, но ставаат вештачки облаци за да ги откријат. Јас потполно ја разбирам вашата загриженост за безбедноста на луѓето.
Но, тоа иде вака. Прво ќе ни покажат видео од катастрофално разорување на нашата татковина со софистицирано оружје и потоа ќе речат дека такви ќе бидат последниците ако не летаме. Нѐ уверуваат дека работиме на изградбата на одбранбениот штит и атмосферско оружје како заштита на нашата татковина и на светот.
Нашите животи им служат нив, а нѐ уверија дека целиот тој таен свет кој го штитиме, дека е створен за наша безбедност. Ни велат дека тајноста е нашата заштита и да не ја слушаме јавноста и да не ја делиме нејзината реторика.
Сите во ветеранската заедница знаеме за програмата која се вика „„flаshpоint“ или скратено „FP-03″. Таа програма е за самоуништување на авиони и пилоти, а може да се активира од каде било, од земја, од вода, или под вода, како сакаат. Свесни сме дека ако се посомневаат во нешто, можат да нѐ срушат за само 15 секунди.
Ни велат дека тие програми служат како заштита да не паднеме во густо населени подрачја. Но, застрашувачки е да леташ, а да знаеш дека тие со далечински управувач можат да управуваат со нашите авиони. Но, длабоко во потсвеста знаеме дека таа програма е всушност за да нѐ контролира нас и нашите активности. Попрво би нѐ убиле во лет отколку да дозволат јавно да се делува.
Сте виделе ли некогаш да преживее кој било член на екипаж по некој судир? Секој воен авион кој паднал е потполно уништен. Има добри причини за тоа – и ние го знаеме тоа. Ги ризикуваме нашите животи секогаш кога летаме. Особено кога се работи за ноќни летови.
Секогаш бараат да летаме на сѐ помали и помали висини. Се чувствуваме како масивни „мрачни сили на царството“. Како запрашувачи на посеви. И луѓето нѐ гледаат, зашто летаме ниско. А некои фармери дури и пукаат во нас. Но, овие информации никогаш нема да дојдат до медиумите. Едноставно го игнорираат тоа и не објавуваат. А исто така, на медиумите не им е дозволено да знаат и да учествуваат или да ги следат нашите летови. Тоа е вистината.
Треба да се видат длабинските и деталните извештаи на нашите мисии. Некои и протекоа, но нив можете да ги најдете дискредитирани како теории на заговор и пласирани на алтернативните медиуми кои намерно ги дискредитираат. Многу тешко ќе се најде некој ќе ризикува вака како мене и ќе објави вакви информации. Дури и мојата посада, и тие би ме уапсиле и би ме одвеле пред воен суд да дознаат дека сега ви раскажувам. Тоа е причината зошто не можам директно да комуницирам преку меил. Колку би сакал да си одам дома и да не ми подарам веќе ни секунда од тој отровен лет.
И мене ми недостига убавото сино небо о мојата младост и се срамам поради тоа што сум заслужен веќе да го нема. Можеби некој од моите колеги ќе го прочита ова и ќе одлучи да размисли за општото добро. Јас знам само делче од големата слика која ја гледаат само ретки. Значи, ова е само она што јас го знам, но вистината е многу поголема и многу подлабоко. Мислам дека светот треба да стане свесен за ова тајно царство и за новите значајни случувања на планетата, проширете ги овие информации.