Видео: Почнува лудилото во Гуча


Се е подготвено – со кревањето на знамето денеска се означичува старт на 52. Сабор во Гуча, кои ќе трае седум дена.

Во Гуча живеат 2.000 жители, а за време на собирот на трубачи во срцето на Драгачево доаѓаат туристи од целиот свет.

Се вртат прасиња, плескавици, пиво, шатори на сите страни, танчерки, улучни оркестри – Гуча е најлудата забава во Европа – велат туристите.

За време на фестивалот секоја куќа има гости – се издаваат соби како алва. 20 до 30 евра е кревет. Но може да преспиете и во автомобил или во шатор. Паркинг има и тоа 12 хектари.

Касата судејќи според цените нема ни оддалеку да биде празна- кревет во Гуча за време на саборот чини од 20 до 30 евра, а ако тоа некому му се чини премногу може слободно да си преноќи во некој од шаторите или во автомобил за кој претходно ќе треба да плати паркинг.

Чини 1000 динри за автомобил, 3.000 за автобус, вели заменикот началник на општинската управа Лучани Јован Ковачевиќ.

Оваа година се натпреваруваат 50 оркестари од Србија и од странство.

За Златна труба, во финале, се 19 оркестара, а за прва труба на светот во трка се 12 оркестари од Бразил, Германија, Португалија, Италија, Словенија, Македонија, Франција и два од Србија.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1