Видео: Погледнете го најбрзиот човек на дело!


15 ноти во секунда се доволни за светска титула!

Виолинистот Бен Ли, композицијата „Бумбаров лет“ ја отсвири со брзина од 15 ноти во секунда па затоа ја доби ласкавата титула набрзиот човек на планетата.

Всушност, судиите и научниците кои биле ангажирани во емисијата „Superhuman Showdown“ на Discovery едногласно го избрале 32 годишниот музичар за оваа титула.

– Ми беа потребни многу часови вежбање за да можам ова да го постигнам. Многу ми помогна тоа што моите родители се музичари и што ме храбреа додека се подготвував и да вежбам додека растев, изјавил Ли.

Можеби за победата на Бен допринела и специјално изработената виолина на која свири и на која има повеќе од 50 илјади сваровски кристали.

Бен и останатите натпреварувачи бие тестирани во контролирано окружување, а научниците користеле електромагнетни пулсови за да ја измерат активноста на мозокот на секој од нив посебно.

Меѓу финалистите се најде и Џери Микулек, кој од својот пиштол може да испука осум куршуми во четири мети за само 1,06 секунди.

На натпреварот учество зедоа и Аичо Оно, кој за една минуда може да изврши 135 ротации на својата глава како.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1