ВИДЕО: „Појадок на мост“ – граѓаните со торби кон дома


Застанати во долги редици уште пред девет часот, стотици граѓани чекаа да седнат на распосланите маси на Камениот мост и доручкуваат. Ниту лошите временски услови не беа пречка граѓаните да дојдат на „Појадокот на мост“.

За разлика од минатата година кога граѓаните доаѓаа, ги земаа пакетите и заминуваа дома, денеска прво беа послужувани со јогурт, сок и вода, а потоа со јадење. Иако „Појадокот на мост“ се одржува на две локации, сепак повеќе народ се собра на Камениот мост, додека на Мостот „Око“ беше речиси празен со само десетина пополнети маси.image22-685x320

И покрај изјавите на присутните дека не се дојдени да јадат, туку за дружење со пријателите, голем дел од нив го напуштаа Камениот мост со полни торби, земајќи по повеќе пакети.

Повеќето граѓани беа задоволни од организацијата на „Појадокот на мост“ велејќи дека не е битна храната, туку дружбата со пријателите.

– Веќе втора година по ред како сум овде. Времето не не’ послужи многу, но организацијата е добра, задоволни сме од храната. И годинава ќе дојдеме – изјави една скопјанка.

– Овој потег е многу хуман. Заминувам порано бидејќи сакам да направам место за другите луѓе, некои делуваа панично, а тоа е за дружење – изјави граѓанин.

За градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, луѓето секоја година се повеќе се заинтересирани да присуствуваат на манифестацијата, со цел да се дружат, разговараат и разменуваат мислења.

A1.On.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1