Видео: Полициска потера по 12 годишник – украл 3 автомобили


Неименуван 12 годишник, откако изгледал многубројни видеа со полициски потери на интернет, се решил да го повози шевролетот на неговите родители.

 

Како да не му бил доволен, момчето по кратко време се решило да го остави шевролетот и да украде Форд. Но и тоа му здосадило па на крајот украл и трето возило со истата марка како на неговите родители.

Полицијата го добила извештајот за возач кој беснеел по улиците на Шугаркрик. Полицијата по само 20 минути успеала да го запре и уапси момчето.

Еден од полицајците изјавил дека момчето било доста ниско што додека ја возел не му се гледала главата од шофершајбната и страничните прозори. Изгледал како сениште во автомобил.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1