ВИДЕО: Последни вести од Сирија – Русија извршила над 30 воздушни удари


Истиот ден кога Горниот дом на рускиот Парламент одобри распоредување на трупи во Сирија, спроведени се првите воздушни напади врз позиции на ИД во земјата.rus

Руското Министерство за одбрана објави видео кое прикажува напад на воено летало на ИД во Сирија. Москва порача дека во средата се погодени најмалку осум цели, и дека координативниот центар во планините е целосно уништен.

Вкупно 20 борбени летови спровеле руските сили во средата, истиот ден Горниот дом на Парламентот одобри распоредување на трупи во Сирија на барање на рускиот претседател Владимир Путин.

Од руското Министерство порачаа дека цели биле воена опрема, комуникациски центри, и складишта на оружје и гориво кои припаѓаат на терористите на ИД, објави Раша тудеј.

Во моментов Москва има околу 32 борбени авиони до Латакија и околу 1 700 руски маринци.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер објави дека очигледно ударите на Русија се во области каде “Исламска држава” нема присуство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1