Јапонија евакуирала околу 170 илјади луѓе поради поројните дождови, поплавите и лизгање на земјиштето по ударот на тајфунот Етау. Според службата за кризни ситуации, 15 лица биле повредени во невремето, од кои две потешко, додека две лица се водат како исчезнати.
Неколку илјади луѓе сѐ уште се заробени во своите куќи откако реките ги преплавиле своите корита. Властите советувале да се евакуираат уште околу 800.000 луѓе на истокот на Јапонија поради невообичаено обилните дождови.
Телевизиите прикажале снимки од хеликоптери како спасуваат луѓе од покривите на куќите.
Исклучително драматична е ситуацијата северно од Токио, во областите Ибараки и Точиги, каде што има целосно поплавени градови.
Невремето ја загрозила и безбедноста на нуклеарната централа Фукушима, која по несреќата во 2011 година предизвика вистинска еколошка катастрофа во земјата.