Видео: Пронајден првиот филм во боја – снимен 1901 година


Првите подвижни слики во боја, снимени од страна на пионерот на филмот, Едвард Тарнер, конечно беа откриени по едно столетие.


Снимката која датира од 1901 година, на која може да се забележат војници кои маршираат низ Лондон, црвен макао папагал и три деца за кои се верува дека се на самиот Тарнер, е пронајдена во Националниот музеј на медиуми во Бредфорд, Англија.

Тарнер во 1899 година развил техника со црвени, зелени и плави филтри, кои ги залепил еден на друг на филмска лента. Филмските историчари долго време верувале дека неговата техника е целосна „утка“, а Тарнер кој починал на 29 годишна возраст, не успеал целосно да го разработи и да го искористи ваквото откритие.

„Можеби на некого ваквиот изум не му изгледа нешто посебно, но тоа целосно ја измени историјата на филмот. Едвард Тарнер е татко на филмот во боја“, изјавил Пол Гудман, директорот на музејот.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1