Видео: Пронашол 50,000 пчели во ѕидовите на својата куќа


 

Калифорниски фоторепортер, Лери Чен забележал рој на пчели како летаат околу неговата куќа, но се шокирал кога открил дека околу 50,000 од инсектите се сместиле во ѕидовите во неговата куќа, каде што направиле џиновска кошница.

Штом го виделот ројот од околу 200 пчели во својата куќа во Лос Анџелес, Лери Чен веднаш повикал експерти за да ги исфрли. Чен изјавил дека сакал само да ги избрка, а не и да ги убие.
„Не се плашам од пчели. Кога ги видов бев мирен и сватив дека истите не се опасни ниту за мене ниту за моето семејство“, изјави Чен.
Експертот кој што дошол во куќата на Чен ја пронашол кошницата стара од околу шест до осум месеци, и со помош на дим и правосмукалка успеал да извлече од ѕидот 95 отсто од пчелите, по што ги однел на својата фарма.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1