ВИДЕО: Први снимки од децата од Тајланд – во карантин и никој не смее да им се доближи


Децата и нивниот тренер кои повеќе од 2 недели беа заробени во пештера на Тајланд успешно се опоравуваат во болница.

Тајландските власти објавиле први снимки од младиот фудбалски тим од болницата. Тие им се заблагодариле на сите кои им помогнале да излезат на површина, со традиционален тајландски поздрав -споени дланки.
Сите заено се во иста соба, со маски на лицето, судејќи по снимките, во добро расположение.

Момчињата во моментов се во карантин, бидејќи лекарите стравуваат од инфекции, поради што е забранет дури и физички контакт со родителите.

Родителите на првата група која беше извлечена во неделатата, на 8. јуни, добиле дозвола да ги посетат, но морале да носат заштитна облека и да стојат одалечени најмалку 2 метри од нив.
Едно од момчињата од последната група има инфекција на белите дробови, а сите останати добиле вакцини против беснило и тетанус.

Генерално се добро, но не е познато кога ќе бидат пуштени дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1